ЈУЖНОАМЕРИКАНСКО ФУДБАЛСКО РЕАЛИТИ

ДРАМА ВО СЕМЕЈСТВОТО МАРАДОНА: Диего си ги бара своите 3.8 милиони долари, ја тужи ќерката за „перење пари"?!

Легендарниот фудбалер побарал неговата ќерка Џанина да биде уапсена поради нелегални активности...

објавено: 25 ноември 2017 - 11:30

Каде и да бил, и кога играл, но и кога прекина со играњето фудбал, Диего Марадона бил опкружен со многу контроверзи.

Така е и сега во неговиот приватен живот кој повеќе личи на некоја јужноамериканска теленовела или пак вистинско „реалити".
Сето тоа полека преминува и во бизарност затоа што таа „шпанска сапуница" влегува во нова фаза, во нова драма.

Имено, Диего ни помалку, ни повеќе, побарал апсење на ќерката Џанина (бивша сопруга на Серхио Агуеро), која наводно учествувала во „перење на пари" кои некогашната сопруга на Марадона, Клаудиа Вилафањ ги украла од него.
Во прашање се 80. милиони аргентински пезоси или околу 3.8 милиони долари.
Адвокатото на едне од најдобрите фудбалери во историјата на таа игра, побарал затвор за Џанина тврдејќи дека патувала за Уругвај за да го „испере" тој износ на пари.
Но преку социјалните мрежи Џанина им испорачала две емотивни пораки. Прво да го потсети својот татко и неговиот адвокат дека добро знаат каде може да ја најдат. И како второ дека му простува на својот родител затоа што во својот живот доживеала и полоши работи од него.

Најново во Другата страна на спортот