ВО НЕГОВ СТИЛ

ЏАРО ВЕЛИ: Каде се Србите и Хрватите, тука има најмногу наместени натпревари!

Балканскиот крал на обложувалниците е убеден во една работа...

објавено: 12 октомври 2018 - 15:30

Европската, пред се фудбалска јавност, ги следи случувањата во Белгија, каде на дело е акцијата „чисти раце", односно апсење на осомничените личности за местење на натпреварите во првенството на оваа земја и „перење на пари" од трансфери на играчи.
Меѓу обвинетите има многу личности од светот на фудбалот, како менаџерот Дејан Вељковиќ, тренерот на Бриж, Иван Леко, Белгиецот Моџи Бајат, неколку сидии...
Во средата полицијата спроведе голема акција во градови ширум Европа, како е наведено, вкупно 44. рации се направени во Белгија, а 13 во Франција, Луксембург, Србија, Црна Гора, Македонија и на Кипар.
Што на сето ова вели балканскиот крал на спортските и естрадни „местенки“, Велибор Џаровски.

Едно е јасно, популарниот Џаро не е изненаден од сето ова:

„Во Белгија се мести најмногу во цела Европа, затоа што таму има најмногу играчи од државите настанати со распадот на Југославија. Тоа го зборував и пред десет години. Никаде не се мести како во Белгија. Кога Стандард загуби од Варегем, 'пукна' цела обложувачка Европа" – вели Џаровски за соседските медиуми.

На сослушувањата во полиција биле Хрват и Србин, дали тоа Ве изненади?

„Ма какви, каде се Србите и Хрватите, тука има најмногу ',местења'. И јас работев и 'местев' со Хрвати, па така ќе работам и во иднина. Гледајте, белгиската полиција ја прислушкува цела Европа. Имаат софостицирани методи против 'местењето', па ако ги издвоиле Леко и Вељковиќ, сигурен сум дека и двајцата имаат врска со 'местењето' "- тврди Џаро.

Случајот на местење е главната вест во белгиските медиуми, а полициската акција била пренесувана „во живо" како да станува збор за фудбалски натпревар или некој терористички напад.
Операцијата „чиста рака" е една од најголемите во историјата на Белгија.
Белгискиот фудбал е на голем удар, во акцијата се претресени 44. куќи. Учествувале 186 специјалци, а скоро цела прволигашка сцнеа се наоѓа на удар на полицијата. Па прашање е и како ќе преживее белгискиот фудбал во наредниот период.

Најново во Другата страна на спортот