А И ИЗГЛЕДА КАКО ЛИК ОД ЦРТАНИТЕ ФИЛМОВИ

Џиџи Датоме ќе биде дел од „Симпсонови"

Кошаркарот на Фенербахче, и на италијанската репрезентација ќе се појави во една од епизодите на популарната „цртана серија" во која ќе говори за европската кошарка...

објавено: 27 март 2018 - 11:45

Продуцентите на серијата го одбраа италијанскиот репрезентативец да биде лик во една од епизодите на „Симпсонови".

Можно е во изборот да се раководеле и поради фантастичниот шут кој Џиџи го поседува.

Но се чини дека многу поизвесно е дека изборот падна(л) поради неговиот изглед, а според кој излегува како Датоме да е „излезен од некој цртан филм"...

„Ова е остварување на сонот, ќе бидам еден од играчите кои ќе учествуваат во епизода на Симпсонови за европската кошарка. Беше фантастично она чувство кога се видов себеси како седам на креветот на Симпсонови. Му благодарам и на Рино Русо од Италија кој ме 'нацрта' " - напиша на својот Инстаграм профил Луиџи Датоме.

Најново во Другата страна на спортот