ПОТСЕТУВАЊЕ НА МИНАТОТО

ЅВОНЕ БОБАН: Дуелот против Звезда во 1990 година беше борба за слободата (ВИДЕО)

Поранешниот играч на Динамо, се потсетува на прекинатиот меч во Загреб, кој историчарите го означија како почеток на војната во поранешна Југославија.

објавено: 23 март 2018 - 14:10

Звонимир Бобан, легендарниот капитен на загребски Динамо, на хрватската репрезентација, сега едне од челниците на ФИФА, во интервју за бразилскиот весник „Глобо" зборуваше за историскиот меч на „Максимир“ во Загреб, поитв Црвена ѕвезда, кој се одигра или требаше да се  одигра на 13. мај 1990 година.

Тој дуел е прекинат поради општата тепачка на наавивалчите, а Бобан го ури полицаецот Рефик Ахметовиќ на теренот.
Меч кој историчарите го означија како почеток на распадот на СФРЈ.

А 28. години подоцна, Бобан вели дека направил нешто како и сите други кои биле на стадионот.

„Не бев во тоа. Многумина тој случај го поврзуваат само со мене. Но не е баш така. Илјадници други младинци тој ден го проживеаја, и направија иста работа како и јас. Но јас бев апострофиран затоа што бев фудбалер, десетка, и капитен на Динамо. Но јас не направив ништо повеќе од останатите, кои тогаш беа на стадионот. Тоа беше бунт против тешкиот режим, живеевме во пекол. Тоа беше борба за слободата" - ја пренесува „Вечерни лист" изјавата на легендарниот хрватски фудбалер.

Најново во Другата страна на спортот