Нова иновативна програма од мастерот за индивидуален тренинг

ЕДЕН ПОИНАКОВ НАЧИН НА „ГЛЕДАЊЕ“: Иновации и развој на кошарката (ВИДЕО)

Ивица Јаковлевски го промовираше првото и единствено видео на иновативната развојна програма на „Про баскетбал тренинг“.

објавено: 22 ноември 2017 - 20:50

За прв пат во Македонија еден човек собра храброст да создаде промена, нови практики во кошарката.

Ивица Јаковлевски кој го промовираше првото и единствено видео на иновативната развојна програма на про баскетбал тренинг.

На промоцијата беа присутни околу 150. гости-спортисти кошаркари и видни луѓе од приватниот и општествениот сектор.

Самата промоција предизвика голем интерес кај присутните, и со воодушевување родители, спортисти говореа за бенефитите од оваа иновативна програма, и позитивни коментари дека и во Македонија има тренер професионалец кој конечно смело им пристапува на иновативните методи во модерната кошарка.

Нова иновативна програма од мастерот за индивидуален тренинг, ’про баскетбал програмата’ за кошаркарски тренинзи преку уникатен и професионален пристап со која кошаркарите ќе се здобијат со потребното искуство и кое ќе им го трасира патот во професионалната кошарка.

На младите репрезенти им е потребен ваков пристап за поголеми достигнувања во кошарката? Заслужува ли ваков иновативен пристап македонската кошарка и во националните селекции, или ова е уште еден професионалец кој ќе работи за странски клубови и национална селекција???

Најново во Другата страна на спортот