МАЛРАЈН ИЗБРА ДУХОВЕН ПАТ ПО ФУДБАЛОТ

Екс-играч на Јунајтед стана католички свештеник

Поранешниот играч од средниот ред на Манчестер јунајтед, Филип Малрајн по крајот на фудбалската кариера стана католички свештеник

објавено: 31 октомври 2016 - 21:20

Малрајн, кој имаше 27 настапи за Северна Ирска, а покрај во Јунајтед играше во Норич и во Кардиф беше промовиран во католички свештеник во Белфаст. Додека повеќето фудбалери се обидуваат да станат ТВ-коментатори или тренери, Малрајн се реши за духовен пат.

38-годишниот Малрајн дебитираше за Манчестер јунајтед под Алекс Фергусон пред 20 години, и три години се обидуваше да пронајде место во тимот, пред да се пресели во 1999 во Норич, а во 2005 во Кардиф Сити. Тој се пензионираше во 2008 година.

Во 2009 тој почна да учи во Понтификал ирскиот колеџ во Рим, по што четири години студираше во Белфаст.  Малрајн минатиот месец повторно беше во медиумите, откако беше прогласен за банкротиран од судот во Белфаст. 

Најново во Другата страна на спортот