Сега е голема звезда но не ги заборави школските другари

Елмас прослави матура со „фискултурците"

објавено: 16 мај 2018 - 13:30

Елиф Елмас е нашата најголема фудбалска надеж. Членот на турскиот Фенербахче на големо гради професионална кариера, која сите се надеаме дека ќе ги достигне фудбалските височини. Сепак, кој лично го познава Елиг Елмас знае за колку добро момче се работи, и дека никогаш нема да „глуми" звезда што и да му се случува.

Типичен пример за тоа е и неговото појавување на прославата по повод матурата на фискултурноро училиште во Скопје, „Методија Митевски – Брицо" каде што и самиот Елмас беше ученик и каде што беше дел од фудбалската паралелка.

Елмас не ги заборави школските другари, професорите, тренерите, ниту некогаш ќе го направо тоа затоа што тој не е голем само во потезитена терен, туку и во оние надвор од него.

Најново во Другата страна на спортот