МАЛКУ ТЕНИС НА АСФАЛТНА ПОДЛОГА

Енди и Рафа подготвени за старт

Енди Мареј и Рафаел Надал се подготвени да ја започнат новата тениска сезона играјќи на автопатот во Абу Даби!

објавено: 28 декември 2016 - 18:30

Како дел од подготовките за Мубадала светскиот шампионат, турнирот кој не е дел од АТП-турнејата во Обединетите Арапски Емирати и кој започнува утре, организаторите ги искористија двете најголеми ѕвезди, Мареј и Надал за интересна промоција.

На Мубадала турнирот, кој се оддржува од 2009 година, покрај Надал и Мареј ќе играат и Милош Раонич, Жо-Вилфрид Цонга, Давид Гофан и Томаш Бердих. Мареј и Надал го имаат слободно првото коло.

 

Најново во Другата страна на спортот