НАВИВАЧ ВО БРАЗИЛ ВАКА ЈА ПОКАЖА ЉУБОВТА КОН ЕКИПАТА

ФАНАТИК: Го истетовира дресот на својот омилен клуб

Овој навивач веќе никогаш повеќе нема да го „соблече“ дресот на бразилскиот Фламенго

објавено: 24 април 2018 - 12:00

Љубовта помеѓу омилениот клуб и навивачите велат дека нема граници. Сепак, тоа што го направи еден симпатизер на бразилскиот Фламенго е нешто повеќе од љубов и верност. Маурицио дос Анхос е навивачот кој реши својата љубов кон клубот да ја покаже на малку необичен начин.

Бразилскиот навивач реши да го тетовира дресот на својот омилен тим и тоа од двете страни на горниот дел од телото. Изработката на тетоважата траела речиси една година. Бразилецот бил на 32 третмани, а вкупно имало 90 часа работа. 

Најново во Другата страна на спортот