ГО ПРОМЕНИЈА ГРБОТ И ПРЕДИЗВИКАА ПРОТЕСТ

Фановите на Ујпешт не се за промени (ВИДЕО)

Еден од најстарите клубови во светот на фудбалот, за кој настапува и нашиот Енис Барди, Ујпешт од Будимпешта се среќава со сериозен проблем, незадоволството на навивачите.

објавено: 9 јули 2017 - 20:30

Еден од најстарите клубови во светот на фудбалот, за кој настапува и нашиот Енис Барди, Ујпешт од Будимпешта се среќава со сериозен проблем, незадоволството на навивачите.

Клубот кој е основан во далечната 1885 година, односно неговото актуелно раководство, одлучи да го промени грбот, што воопшто не им се допадна на љубителите на „виолетовата“ боја.

И не само тоа, неколку часа по дознавањето за оваа промена, најзагреаните навивачи на Ујпешт, каде составен дел е нашиот млад репрезентативец, се собрале во голем број пред стадионот, и во знак на протест побарале оваа промена да не биде реализирана.

 

Инаку на левата страна е изгледот на досегашниот грб на Ујпешт, клуб кој има освоено 20 титули на национален шампион на Унгарија,

На десната пак, како е планирано да изгледа редизајнот на клубот кој за последен пат бил првак на Унгарија уште во минатиот век, односно во 1998 година. 

Најново во Другата страна на спортот