ШВАЈЦАРЕЦОТ Е ПРИВЛЕЧЕН ЗА СПОНЗОРИТЕ

Федерер е најголем спортски бренд!

Роџер Федерер е именуван за најголем бренд меѓу спортистите во најновата листа на магазинот „Форбс", под име „Фаб 40"

објавено: 27 октомври 2016 - 17:15

Швајцарската тениска ѕвезда има вредност на брендот од 37 милиони долари годишно, и ова е сума ја надминува сумата која останатите топ 10 тенисери ги заработиле преку реклами.

Брендот на Федерер е повисок од НБА-ѕвездата Леброн Џејмс (34 милиони), голферот Фил Микелсон (28), спринтерот Јусеин Болт (25), голферот Тајгер Вудс (23) и фудбалерот Кристијано Роналдо (19).

Минатиот месец 35-годишнииот Федерер, кој не игра речиси половина година беше 4. на листата на најдоброплатени спортисти во 2016 со сума од 67.8 милиони долари.

Тенисерот од Базел меѓу своите комерцијални партнери ги има Најк, Вилсон, Ролекс, Мерцедес-Бенц, Кредит Свис и Мет & Шандон.

Најново во Другата страна на спортот