НА ГОСТИ КАЈ НАЈГОЛЕМИОТ НА СИТЕ ВРЕМИЊА

Федерер повторно на насловните

Магазинот „Џи кју" беше на гости кај Роџер Федерер, посетувајќи го човекот кого го прогласија за маж со најдобар стил во 2016 во неговиот планински дом во Швајцарија

објавено: 21 март 2017 - 21:15

Во интернет-гласањето, Федерер беше прогласен за маж со најмногу стил пред луѓе како Кање Вест и Рајан Гослинг.

„Барем освоив нешто!“, изјави тогаш Федерер, кој немаше титула 14 месеци.

Но, оттогаш тој го освои Австралискиот опен за своја 18. гренд слем титула, а добрата форма ја продолжи и со трофеј во Индијан Велс.

„Трофејот во Австралија може беше најпосебниот“, објаснува Федерер.

Најново во Другата страна на спортот