„ДИСКАВЕРИ КАНАЛОТ“ ОРГАНИЗИРА СУПЕР-ТРКА

Фелпс во трка со голема бела ајкула!

Американската пливачка легенда, Мајкл Фелпс ќе се трка со најопасниот противник досега - големата бела ајкула!

објавено: 16 јуни 2017 - 18:45

„Дискавери каналот“ објави дека Фелпс, освојувач на рекордни 23 златни олимписки медали, ќе се трка со голема бела ајклула во „неделата на ајкулата“ на 23 јули.

„Тие се едни од најбрзите и најефикасните предатори на планетата - ајкулите. Тој е нашиот најголем шампион во водата - Мајкл Фелпс. 39 светски рекорди. 23 олимписки злата. Но, со уште една победа пред него. Нешто толку спектакуларно што досега никој не се обидел. Најуспешниот спортист на светот со најефикасниот предатор во океанот - Фелпс v ајкула. Трката може да почне“, се вели во соопштението на „Дискавери“. 

Според податоците, големите бели ајкули можат да достигнат брзини од 40 км/ч доколку напаѓаат, брзина што е десет пати побрза од обичен пливач. Во 2010, во најдобрите денови на Фелпс, тој пливаше со 6 милји на час (9.65 км/ч).

31-годишниот Фелпс, кој веќе се повлече од спортот, минатиот викенд имаше време да се запознае со дел од ајкулите.

 

Најново во Другата страна на спортот