ИДЕЈАТА ЗА ДОКУМЕНТАРЕЦОТ Е НА МАКЕДОНЕЦ

Филмот „250 скали“ го отвора фестивалот во Златибор

Кандидатот за спортско-документарен филм на годината е посветен на кошаркарската јуниорска репрезентација на екс Југославија од 1987 година

објавено: 31 мај 2018 - 18:20

Филмот „250 скали" на 7 јуни ќе го отвори фестивалот на спортски филм во Златибор. Идејата за снимање на овој документарен филм е на македонскиот новинар Живко Здравкоски, а темата е подготовките на јуниорската репрезентација на некогашна Југославија, за настап на Светското првенство во Бормио во 1987 година. Југославија предводена од Кукоч, Дивац, Раѓа и останатите, го освои златото и тоа беше почеток на доминацијата на некогашната држава во наредните години, до нејзиното распаѓање. Филмот е кандидат и за најдобар спортско-документарен филм во светот за 2018 година. 

Награди за животно дело на фестивалот ќе добијат спортски легенди како Душан Ивковиќ, Драган Киќановиќ, Владимир Станковиќ, Ивица Осим, Драган Шекуларац и други. Овој фестивал се одржува по седми пат, и ќе трае четири дена. 

 

Најново во Другата страна на спортот