Напаѓачот на Ливерпул, Фирмино реши малку да се релаксира пред финалето во Лигата на шампионите против Реал Мадрид кое се игра на 26 мај во Киев. Бразилецот, заедно со својата атрактивна сопруга Лариса Переира замина на неколку дена на релаксација на Ибица.
Атрактивната Лариса реши на социјалните мрежи да се пофали за тоа како уживаат, но и да ја потврди убавината која ја поседува. Според многумина, Фирмино веќе има освоено еден голем трофеј, бидејќи Лариса може слободно да се прогласи за „Мис на финалето во ЛШ“ за оваа сезона.