ЛОШ СТАРТ НА БРИТАНЕЦОТ

Фрум се здроби на загревањето за Џирото

Четирикратниот победник на Тур де Франс Крис Фрум немаше добар почеток на овогодишното Џиро д'Италија

објавено: 4 мај 2018 - 12:41

Велосипедистот на Скај, Крис Фрум имаше непријатен пад на загревањето пред почетокот на големата трка низ Италија. Фрум имаше модринки на десната рака, набиени ребра, расекотина на коленото искинати шорцеви и дрес.
По лекарските прегледи неговиот клуб соошти дека Фрум е во ред и нема место за загриженост. Британецот заедно со холандската „машина" Том Домулин, кој триумфираше на минатогодишното Џиро, се најголеми фаворити за трофејот и оваа сезона.
Оваа година Џирото има необичен старт, во Ерусалим, престолнината на Израел со трката на 10 километри индивидуален хронометар. Следуваат уште две трки низ Израел, а по паузата од еден ден следуваат уште 18 етапи низ Италија со финиш во Рим на 27 мај.

 

Најново во Другата страна на спортот