НЕ МУ СЕ ПИШУВА ДОБРО НА ИГРАЧОТ НА РЕДСИ

Фудбалер на Ливерпул се обложувал, следува сериозна казна!

Ќе мора пред надлежните органи да се појави фудбалерот на Ливерпул, Даниел Стариџ.

објавено: 12 ноември 2018 - 22:30

Причина е обложување, што е против правилата, па сега го очекува сериозна казна играчот на Редси.

Стариџ има време до 20. ноември да одговори со жалба. Информациите велат дека тој се обложувал во текот на јануари 2018. година.

29-годишниот напаѓач кој воедно ги брани боите на најдобрата англиска репрезентација, во дресот на Ливерпул има вкупно 105 натпревари и 50 голови. Претходно настапуваше уште за Манчестер Сити, Челзи, а на позајмица беше во Болтон и ВБА.

Најново во Другата страна на спортот