НЕВЕРОЈАТЕН МОМЕНТ ЗА ОГРОМНО ПОЧИТУВАЊЕ

ФУДБАЛЕРОТ НА ГОДИНАТА ИГРА ЗА МАЛИОТ ВЕНЛО: Нема да игра против ПСВ за да спаси човечки живот!

Ленарт Тај го вети тоа, и зборот си е збор...

објавено: 13 март 2018 - 11:00

Зад него не е баш некоја голема фудбалска кариера, но пред него е почитувањето на целиот свет, не само фудбалскиот!

Имено, Ленарт Тај ќе го пропушти дуелот на неговиот ВВВ Венло против ПСВ од Ајндховен поради тоа што на еден пациент болен од леукемија можеби ќе му го спаси животот!
Пред седум години, уште како талентиран играл на Вердер од Бремен, прифати една иницијатива по која фудбалерите даваа ДНК на чување во база, а сето тоа поради евентуална потреба, луѓето болни од леукемија да можат да ја побараат нивната помош.
И таа потреба се случи.

Пред пет недели, Тај доби порака во која се вели дека неговата ДНК совршено се сложува со гените на еден пациент на кој му е загрозен животот.
Во клупското соопштение ВВВ Венло споменува и донација на крв и на матични клетки, што е само дополнение плус за овој неверојатен момент.
Јасно е само дека Германецот е повикан да помогне да се спаси еден живот, и секако тој ја прифати „поканата".
Поради тоа следната недела нема да тренира со тимот, а ќе го пропушти и мечот со ПСВ, посебно битен за сите клубови во лигата на Холандија.
Но, сепак постојат работи кои се понекогаш и поважни од фудбалот.

„Никогаш досега немам доживеано ваква работа. Прво бев шокиран, помислив дека нешто не е во ред со самиот Ленарт. Но потоа ми објасни дека може да спаси човечки живот. Да, ќе го загубиме на некое време, иако дефинитивно не го обезбедивме опастанокот, а знаеме дека Ленарт е еден од нашите најдобри играчи. Меѓутоа, ова е многу поважно од фудбалот"- вели тренерот на ВВВ Венло Морис Стајн.

 

Најново во Другата страна на спортот