СРБИНОТ „ДОМИНИРА“ И НА ДРУГИТЕ „ТЕРЕНИ“ ВО ЛА

ГИ ДЕЛАТ „САМО " 57 САНТИМЕТРИ: Боби стигна да се слика и со Џеј-Ло (ФОТО)

За се е „виновен" неговиот колега од Клиперс, Тобијас Херис...

објавено: 23 април 2018 - 09:30

Иако сезоната ја завршија неславно, тоа не им смета на кошаркарите на ЛА Клиперс да бидат во центарот на вниманието на јавноста во Америка.

Сепак, ЛА е Холивуд, а секој чекор на кошаркарските милионери „се снима".
Па и појавувањето на нивниот највисок кошаркар во јавноста.
Имено, центарот на ЛА Клиперс, Бобан Марјановиќ го искористи своето слободно време да биде дел од публиката на концертот на Џенифер Лопез.

А ги искористи своите познанства, пред се со колегата Тобијас Херис, да влезе во бекстејџот и да се сликне со една од најубавите жени на светот.

„Ме наговорија на ова, но сега се чувствувам совршено" - напиша 221 сантиметри високиот српски џин, заедно со објавената фотографија со Џеј-Ло.

Новинарите веќе пресметаа дека Марјановиќ е цели 57 сантиметри повисок од полуларната пејачка.

Најново во Другата страна на спортот