ТРАГЕДИЈА ВО АНГЛИЈА

Ги однел децата во училиште, а на враќање загинал во сообраќајка

Некогашниот фудбалер на Астон Вила и Болтон, Лојд Самуел со својот автомобил се судрил со камион

објавено: 15 мај 2018 - 19:33

Голема трагедија ја погоди фудбалска Англија. Некогашниот младински репрезентативец на Англија, Лојд Самуел, загина во сообраќајна несреќа. Самуел кој имаше само 37 години, со својот автомобил се судрил со камион и загинал на самото место.

Поранешниот играч на Астон Вила и Болтон, ги носел децата во училиште. Откако ги оставил на настава, недалеку од својот дом се судрил со камион. Несреќата била фатална за него. Самуел помина осум години во Астон Вила и во 181 меч даде три гола. Има и 83 настапи за Болтон, а кариерата ја заврши во Иран. 

Потоа се врати во Англија каде беше играч и тренер во еден од локалните аматерски клубови. Самуел има и седум настапи за младинската селекција на Англија. Тој имаше жена и три деца.

Најново во Другата страна на спортот