И ТОА ГО ИМА ВО БУЕНОС АИРЕС

ГО КОРИСТЕЛЕ КЛУБОТ КАКО БОРДЕЛ: Индепендиенте ќе тужи!

Адвокатот и претседателот на клубот потврдиле дека поднеле извештај за злоупотреба на објектот од страна на фудбалерите...

објавено: 22 март 2018 - 18:10

Сите извештаи укажуваат на употреба на клубот како бордел од страна на малолетни играчи. Адвокатот истакнува дека би можела да се разгледа можноста на сексуална експлоатација, и трговина со луѓе.

Како наведуваат медиумите во Аргентина, играч кој веќе бил отпуштен од клубот, им овозможувал на други момчиња да имаат секс на подрачјето на Авеленада, каде се наоѓа клубот во Буенос Аирес.

Почетните сомневања се појавиле кога психологот на клубот разговарал со едeн од играчите и веднаш го пријавил проблемот кај раководството.
Поранешниот судија, а сега адвокат на клубот, Даниел Лерманос, изјавил дека истрагата е во почетна фаза и дека е неизвесно кога ќе заврши.

Најново во Другата страна на спортот