РУСКАТА ЛЕГЕНДА ГИ ЗАДОВОЛИ СИТЕ БАРАЊА НА МЛАДИОТ ФАН

ГО ВИКНА НА НАТПРЕВАР И МУ ПОДАРИ ХЕТ-ТРИК: Алекс го охрабри Алекс (ВИДЕО)

Тоа го можат, се чини, само најголемите спортисти на планетата Земја. А еден од нив дефинитивно е Александер Овечкин.

објавено: 26 ноември 2017 - 22:15

Големиот руски хокеар си зададе една нова цел во животот. Освен да асистира и да дава голови за Вашингтон Капиталс, да му помогне на еден млад, но голем фан на неговата екипа во борбата против ракот на коските.

Односно еден негов „работен ден" да му го посвети на 13. годишниот Алекс Луи.

Во соработка со својот клуб, Овечкин се погрижи неговиот мал „имењак" да добие посебен третман ја еден натпревар, односно да се запознае со него, а потоа и со комплетната екипа на Капиталс.

Луи беше посебен гостин на тимот од главниот град при нивното гостување во Торонто.

Пред мечот во Канада, ова момче родено во Онтарио, се дружеше со Овечкин, кој е негов идол, а ја имаше и таа чест да ги прочита почетниот состав на играчите во соблекувалната, што наиде на големо воодушевуѕвање.
Доби ветување од својот идол дека ќе даде гол токму за него. Тоа ветување Овечкин го реализира во 13.минута од играта. И се разбира, му го посвети токму нему.
Работата да биде уште одобра, рускиот хокеар постигна хет-трик, и во сите три наврати покажа за кого се наменети.
На голема радост на среќното момче кое дури и заплака од преголема радост. Момент кој го забележаа камерите во салата во Торонто.

„Алекс беше нашиот најдобар играч вечерва. Се надевам дека повеќе нема да има такви проблеми, а јас сум среќен ако го развеселив"- рече Овечкин во оваа прилика во која му подари, пешкир, кацига, ракавици, и палка.

А малиот Алекс доби и уште една тимска кацига наменета за најкорисниот играч на мечот.

„Не можам да ви опишам како се чувствувам. Направи една неверојатна работа за екипата, но и за мене. Пресреќен сум" - изјави преимпресионираниот Луи пред соблекувалната на Вашингтон Капиталс, кој боледува од остеосарком, најчестиот облик на рак на коските. Но успеа да се излечи, и барем засега, во неговито организам нема „злобни станици“. 

 

Најново во Другата страна на спортот