ЅВЕЗДАТА НА МАЈАМИ ЌЕ БИДЕ ЗАСЕКОГАШ СО МЛАДИОТ НАВИВАЧ

ГОЛЕМ Е ДВЕЈН ВЕЈД: Играше за Жоакин Оливер (ВИДЕО)

Легендарниот играч на Мајами му оддаде посебна почест на прерано починатиот фан на Хит...

објавено: 28 февруари 2018 - 18:50

Двејн Вејд се врати во Мајами и веднаш покажа дека не е за „старо железо".

Но на дуелот ос Филаделфија, која буквално ја уништи со реализација на 27. поени за само 25.минути поминати на паркетоот, Вејд покажа уште една своја човечка големина.

Победата му ја посвети на еден навивач на Мајами Хит кој, за жал, повеќе не е меѓу живите.
Во пресрет на овој меч, иконата на Мајами одлучи да го одигра во спомен на Жоакин Оливер.

Едно 17 годишно момче кој загина несреќно во пукањето во Средното училиште „Даглас“ пред две седмици.
Оливер беше голем фан на Хит, а беше закопан со дресот на Двејн Вејд.
Откако го слушна(л) тоа Вејд одлучил оваа средба да биде токму во чест на младото момче, а на своите обувки да го напише, да го стави неговото име и презиме.

„Не смееме само да шутираме и да играме. Постојат рабти кои се многу повеќе од кошарката. Ние сме гласници, луѓе кои обично не може да се слушнат. Почивај во мир Жоакин, а јас ти го посветувам моето враќање во Мајами и другиот дел од сезоната“ - напиша Вејд на својот Твитер профил.

И го направи тоа, на еден сјаен начин...

Најново во Другата страна на спортот