ТОА ГО МОЖАТ САМО ЛЕГЕНДАРНИТЕ СПОРТИСТИ

Големиот Никос Галис (ВИДЕО)

Најдобриот грчки кошаркар на сите времиња имаше што да им презентира на присутните кошаркарски величини во Спрингфилд. 

објавено: 10 септември 2017 - 12:00

Овој викенд, „Куќата на славните“ во Спрингфилд доби 11 нови жители. Но се чини дека во сенка на целиот оној „американски дел“, остана говорот кој го одржа Никос Галис.

Богот на грчката кошарка, и еден од најдобрите во Европа, макар со комплетно бела коса, кажа кој е неговиот најголем подвиг во кариерата.

„Еден ден чекорев по улиците на мојто роден град Солун. Непозната жена ме стигна во одењето, и почна да вика„ Никос, Никос“...

Си помислив, изгледа сака автограм од мене. Но, таа едноставно ме гушна и ми кажа: „Ти благодарам од целото мое срце. Ти го спаси мојот син. Пред да ја открие смислата на ќивотот, односно кошарката, тој беше наркоман“.

Верувајте ми,тоа е најголемиот подарок кој еден спортист може да му го даде на општеството“ - рече Никос Галис при своето претставуавње како нов член на „Куќата на славните“ во Спрингфилд

  

Најново во Другата страна на спортот