ДРАМА ВО ЧЕТВРТФИНАЛЕТО НА СП У17

Голманот доби бизарен црвен картон за време на пенал-серијата!

Во Честерфилд играа Холандија и Ирска. Се бореа за влез во полуфиналето на ЕП за играчи до 17 години. Во пенал серијата се случи интересен момент кој го одлучи победникот.

објавено: 16 мај 2018 - 16:30

Откако регуларниот дел заврши со 1:1 се прејде кон изведување на пеналите, а Холандија беше поуспешна со 5:4 и закажа дуел со Англија во полуфиналето.

При 4:4 во серијата, голманот на Ирска Џими Коркоран го одбрани ударот од 11 метри на Дајшон Редан и славеше се до моментот кога главниот судија Збинек Прошка од Чешка не му покажа црвен картон.

На општо неверување на гледачите на трибините и на оние пред телевизиските екрани судијата одлучи да го исклучи младиот голман затоа што за време на изведување на пеналот порано го напуштил голот. За тоа му дал жолт картон, а бидејќи претходно имал еден следувало исклучување во најважниот момент. Пеналот е повторен, а Редан беше прецизен за победа на Холандија со 5:4. Голманскиот дрес го облече капитенот Мекенти но не успеа да го одбрани ударот.

На големо се зборува за оваа судиска неправда која им е нанесена на Ирците...

Најново во Другата страна на спортот