ФРАНЦУСКО ЕКСПЕРИМЕНТИРАЊЕ, ИЛИ НОВА МОДА?

Гризманее, што направи со фризурата?! (ФОТО)

Напаѓачот на Атлетико Антоан Гризман одлучи да остане во Мадрид, но при враќањето се појави со една посебна „креација".

објавено: 13 јули 2017 - 19:10

Антоан Гризман е миленик на навивачите на Атлетико Мадрид. Тоа е познато од поодамна, особено кога се реши да не го предаде клубот, и да остане уште некое време со популарните „јорганџии"...

А се чини дека при првото појавување на стартот на подготвителниот период за новата сезона, уште повеќе го „купи" нивното внимание.
Имено, на првиот тренинг на тимот од Мадрид, францускиот репрезентативец се појави со една сосема нова фризура која никого не го остави рамнодушен.
Некои велат дека сега Гризман личи на еден познат лик од филмот „Враќање во иднината".

Впрочем уверете се и самите за што станува збор...

 

 

Најново во Другата страна на спортот