ПОДДРШКА ОД ТРИКРАТНИОТ Ф1 ШАМПИОН

Хамилтон инспириран од Серена

Асот на Мерцедес, трикратниот светски шампион, Луис Хамилтон вели дека добил инспирација од Серена Вилијамс, која одговори на коментарите на поранешниот тенисер Илие Настасе за нејзиното неродено дете

објавено: 27 април 2017 - 22:15

Настасе пред Фед куп дуелот меѓу Романија и Велика Британија коментираше на бременоста на Серена, прашувајќи: „Да видиме каква боја ќе е бебето. Чоколадо со млеко?“. Вилијамс одговори на Инстаграм, нарекувајќи ги коментарите „расистички“. Хамилтон веднаш ја сподели нејзината реакција.

„Ја поддржувам Серена и нејзината реакција беше прекрасна, како моќна независна црна жена. Тоа е прекрасно. Таа не е само една од најдобрите жени кои ги познавам, туку и вистински лидер кој инспирира“, вели Хамилтон.

Најново во Другата страна на спортот