НАЈАВЕНА ДРУЖБА НА ДВАТА ШАМПИОНИ

Хамилтон сака да вози на ранчот на Роси

Трикратниот Ф1 шампион Луис Хамилтон вели дека би сакал да се приклучи на повеќекратниот Мото ГП шампион Валентино Роси за трка на славниот ранч на „Докторот"

објавено: 11 август 2017 - 10:00

Хамилтон одамна е Мото ГП фан, а асот на Јамаха, Валентино Роси го смета како еден од своите идоли. Ранчот на Роси се наоѓа во неговото родно градче Тавулија (8.000 жители) во близината на Песаро.

„Многу сакам мотоцикли и дефинитивно сакам да поминам малку време со Роси на неговиот ранч и да се тркаме на земја. Би сакал да возам и Мото ГП, секако не на трки, бидејќи нема шанси да победам некој 18-годишен манијак“, вели Хамилтон.

Роси вели дека Хамилтон е добредојден во Италија.

„Луис може да дојде кога сака. Требаше да дојде минатиот декември, но нешто го спречи. Вратите за него се отворени“, изјави 38-годишниот Роси.

Најново во Другата страна на спортот