САМО ВО СОЛУН И НА НИТУ ЕДНО ДРУГО МЕСТО ВО ЕВРОПА

ХАОС НА “ТУМБА“: Газдата „мафташе" со пиштол, сакаше да се пресмета со судијата (ВИДЕО)


Дерби дуелот на грчкиот шампионат во кој почнаа да играат, но не завршија ПАОК и АЕК е прекинат откако се случија големи немири во самиот финиш...

објавено: 12 март 2018 - 08:00

Уште еден хаотичен меч на „Тумба" во Солун, и уште еден недоигран меч вo грчката лига.

Играа ПАОК и АЕК, првиот против вторито на табелата во шампионатот на нашиот јужен сосед, но не одлучија кој е подобар.
Пред се затоа што во самиот финиш, Варела даде гол за ПАОК, на општо воодушевување на преполниот солунски стадион.

Меѓутоа судијата Коминис одлучи да го поништи поради офсајд ситуација.

Иницијална каписла за она што ќе следува во продолжението. Прво играчите на ПАОК тргнаа кон судијата, а потоа на теренот се најде и сопственикот на ПАОК, Иван Савидис, кој со пиштол на појасот, сакаше да се пресмета со несреќниот судија.
Со крајни напори на обезбедувањето,спречена е ескалација на судиите, а брзо потоа, мечот беше прекинат.
Ова не е прв пат да се случи прекин на средбите на солунските „црно-бели". Ист беше случајот и неодамна против Олимпијакос, кога гостинскиот тренер беше погоден со запалка уште пред мечот да почне.
Тогаш, со одлука на Дисциплинската комисија, средбата беше регистрирана со службени (3:0) за пирејците. Сега се очекува слична ако не и уште поголема казна за ПАОК.

 

Најново во Другата страна на спортот