И ТОА ГО ИМА НА ТЕРЕНИТЕ

ХАОС ВО ХОЛАНДИЈА: Со „Мае-гери“ зафат по својот соиграч (ВИДЕО)

Многу грди сцени го одбележија дуелот од втората холандска лига во кој се сретнаа екипите на Го Ахед Иглс и Де Графшап

објавено: 5 март 2018 - 12:50

Инцидентот се случи по завршувањето на мечот во кој домашната екипа доживеа убедлив пораз, а нивните навивачи никако не можеа да го прифатат тој момент.

Па после последниот судиски знак за крај на мечот, некои од нив втрчаа на теренот да се пресметаат со фудбалерите на Де Графшап кои ја прославуваа победата.

За момент на теренот се создаде вистински хаос во кој не се знаеше кој кого и зошто го удира...

Имаше и еден комичен момент во кој еден играч на гостите со „мае-гери“, по грешка, удри свој соиграч по главата во обида да се пресмета со еден од хулиганите.

На крајот редарите со тешка мака некако успеаа да ја смират ситуацијата...

Најново во Другата страна на спортот