НЕОЧЕКУВАН ИСХОД ВО СУДЕЊЕТО НА ЕКС-НФЛ ЅВЕЗДАТА

Хернандез, сепак, невин за двојно убиство

Поротата во Бостон во петокот пресуди дека поранешната ѕвезда на Њу Ингланд Патриотс, Алекс Хернандез не е виновен за двојно убиство во Бостон во 2012 година

објавено: 15 април 2017 - 08:30

Хернандез, според обвинителите убил двајца луѓе пред влезот на еден ноќен клуб во американскиот град поради расправија која започнала поради истурена пијачка. Сепак, поротата не се согласи дека има доволно докази дека тој е виновен.

Одлуката доаѓа две години откако друга порота во Масачусец прогласи дека поранешната НФЛ ѕвезда е виновна за убиство на познаник во индустриски парк во близина на неговиот дом во јуни 2013 година. За ова злосторство Хернандез доби доживотна казна затвор без можност за помилување.

Најново во Другата страна на спортот