СПОРТОТ НА МОМЕНТ ГИ ОБЕДИНИ

Хрватите му симнуваат капа на Ѓоковиќ: Беше господин од почеток до крај

Додека Хрватска на големо го слави сребрениот медал на Светското првенство во Русија, во Србија се слави трофејот на Новак Ѓоковиќ на Вимблдон и неговиот кам-бек по тешкиот период. 

објавено: 17 јули 2018 - 08:00

Токму благодарение на „коцкестите“ и на Новак Ѓоковиќ, „копјата“ меѓу Хрватска и Србија по подолго време беа спуштени. Српскиот тенисер кој ги поддржуваше фудбалерите на крајот им го честиташе успехот, гест кој Хрватите не можат да го заборават, па пишаа: Беше господин од почеток до крај.

„На Лука Модриќ и цената хрватска репрезентација им честитам за успехот. Убаво е да се види како толку мала земја од нашиот регион успеја на светското првенство“, рече Ѓоковиќ.

Токму по оваа изјава Хрватите му симнаа капа на големиот Ноле.

 

Најново во Другата страна на спортот