ИАКО ВООПШТО НЕ Е НЕГОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

И Кирјиос не го сака Трамп

Австралиската тениска ѕвезда Ник Кирјиос јасно покажа дека не му се допаѓа новоизбраниот американски претседател со маичката на која пишуваше „Е.и го Доналд Трамп"

објавено: 9 јануари 2017 - 18:00

По победата над Рафаел Надал во „Фаст 4“ мечот во Сиднеј, Кирјиос реши да ја носи маичката на прес-конференцијата пред мечот. На маичката Трамп го има покриено лицето за да наликува на ѓавол.

„Зошто ја носев маичката. Мислам дека самата го опишува моето чувство“, изјави Кирјиос.

Тој го повреди коленото играјќи кошарка за време на празниците, и вели дека сега баскетот ќе мора да почека.

„Би сакал да играм, но не ми е дозволено. Тимот ми објасни дека следните неколку недели се важни, така што ќе се фокусирам на тенисот“, додава Кирјиос.

Најново во Другата страна на спортот