НЕСПОРТСКО ОДНЕСУВАЊЕ НА СОПРУГАТА НА ФЕДЕРЕР

И Мирка му свиркаше на Кирјиос

Додека нејзиниот сопруг побара фановие на Мајами опен да го почитуваат Ник Кирјиос, Мирка Федерер реши да му свирка на Австралиецот

објавено: 1 април 2017 - 10:30

Поранешните шампиони Крис Еверт и Борис Бекер застанаа во одбрана на Ник Кирјиос во „огнената“ пресметка на Австралиецот со Роџер Федерер во полуфиналето. Кирјиос беше исвиркан кога го скрши рекетот при 7:6(9)/6:7(9)/7:6(5) поразот од 18-кратниот гренд слем шампион.

Лут на гледач кој викаше аут кога тој се обидуваше да удри форхенд при 5:4 во тај-брејкот во третиот сет, Кирјиос експлодираше и го пцуеше гледачот

Федерер изјави дека почитувањето на теренот е најважно, но неговата сопруга Мирка беше „фатена“ од камерите како му свирка на Австралиецот. 

Најново во Другата страна на спортот