ШВЕЃАНЕЦОТ ТВРДИ ДЕКА Е ВО ТОП-ФОРМА

Ибра: Јас сум како Бенџамин Батон

Златан Ибрахимовиќ тврди дека е како Бенџамин Батон, филмскиот лик кој се подмладува како старее

објавено: 1 април 2017 - 12:30

Напаѓачот на Манчестер јунајтед има фантастична сезона со 26 гола за англискиот тим оваа година, а неодамна најави дека би сакал да остане барем уште една година во тимот.

Со фотографија на која е гол до половина, Ибрахимовиќ се опиша себеси како „Бенџамин Батон“, филмскиот лик кој старее обратно, односно се раѓа како старец, а умира како бебе.

Швеѓанеот има 35 години, а неговата одлука за останување во Јунајтед најверојатно е поврзана со квалификувањето на тимот на Мурињо во Лигата на шампиони, место за кое во моментов заостануваат четири поени. 

 

Benjamin Button #innergold @azsportswear

A post shared by IAmZlatan (@iamzlatanibrahimovic) onMar 31, 2017 at 6:00am PDT

Најново во Другата страна на спортот