ИМА НЕКОИ КОИ МУ СЕ ВООДУШЕВУВААТ

Ибра се сретна со децата кои беа заробени во пештерата на Тајланд, и испрати силна порака (ФОТО)

Ќе ве воодушеви она што им го порача на храбрите момчиња...

објавено: 16 октомври 2018 - 09:30

Златан Ибрахимовиќ не е баш омилена личност во светот на спортот, посебно во фудбалот. Доста често е „проценет" дека е надмен и препотентен!
И можеби е навистина таков, но постојат личности во светот за кои едноставно Златан Ибрахимовиќ е нешто како симбол на воодушевување.
Ибра потврди дека е фасциниран од храбоста на децата кои на крајот на јуни и почетокот на јули на Тајланд поминаа 17. дена заробени во една пештера.
А тие исти деца гостуваа во емисијата кај познатата водителка Елен Деџенерис, која во таа прилика ги праша кој им е омилен фидбалер.
А младите момци во еден глас повикаа: Златан Ибрахимовиќ!

И тогаш пред нив се појави лично ТОЈ!

 

„Мислев дека сум храбар, но овој тим на деца е дефинитивно е похрабар од мене. Покажаа како еден тим треба да работи трпеливо, притоа верувајќи и во оној покрај себе. Ова е веројатно најдобриот тим на светот" – порача Ибра, кој за потсетување, во повеќе прилики себеси се нарекуваше БОГ.

Најново во Другата страна на спортот