ДОДЕКА ГО ЧЕКА МУНДИЈАЛОТ

ИБРА СТИГНА ДА СНИМА И РЕКЛАМИ: И да зборува малку на босански... (ВИДЕО)

Полека селекцијата на Шведска се подготвува за она што ги чека ова лето, Светското првенство во Русија. А нивниот веројатно сеуште најдобар фудбалер, Златан Ибрахимовиќ има(ше) да порача дека ќе се врати меѓу „трите круни" ако то одлучи така, а во меѓувреме ќе снима реклами...

објавено: 28 март 2018 - 09:30

Полека селекцијата на Шведска се подготвува за она што ги чека ова лето, Светското првенство во Русија. А нивниот веројатно сеуште најдобар фудбалер, Златан Ибрахимовиќ има(ше) да порача дека ќе се врати меѓу „трите круни" ако то одлучи така, а во меѓувреме ќе снима реклами...
Шведската обложувалница „Бетхард" направи еден спот за тамошниот пазар, а Ибрахимовиќ побара една дополнителна верзија, во која со својот соговорник комуницира на босански јазик.

„Погледнете ја мојата верзија на рекламата за 'Бетхард'. Веројатно ќе ви треба некој кој говори босански да ви помогне околу преводот"- напиша Ибрахимовиќ на својот Твитер профил.

Во моментот кога соговорникот на Ибра (роден во Приједор-БиХ), но како мало дете се преселил во Шведска каде станал еден од најдобрите спортски коментатори, во својата шоља става млеко...

Златан го прашува: „Што правиш. си земал некое млеко селанец. Ова е последен пат како си земал млеко, разбираш?" Коментаторот пак знаеше да му врати: "Што ќе се случи? Можеби ќе ме зафркнеш?, а Златан поентира на следниот начин:„Ќе видиме, никогаш не се знае“.

Останатиот дел од оваа комуникација на Златан Ибрахимовиќ и Драгомир Мршиќ може да се види во видеото, кое и не е за најмладата спортска публика.

 

Најново во Другата страна на спортот