АМЕРИКА ИМ ДАВА ШАНСА НА СИТЕ

ИГРАЧ СО АМПУТИРАНА ДЛАНКА ДОБИ НЕВЕРОЈАТНА ШАНСА. Ќе игра во НФЛ лигата! (ВИДЕО)

Она на што се надеваше цела Америка, се случи на НФЛ драфтот. Шаким Грифин, неверојатното момче од Флорида, кој воодушеви на пред-драфт тестирањата, како 141 пик го одбраа Сиетл Сеахоукс...

објавено: 30 април 2018 - 13:30

Она на што се надеваше цела Америка, се случи на НФЛ драфтот. Шаким Грифин, неверојантото момче од Флорида, кој воодушеви на пред-драфт тестирањата, како 141 пик го одбраа Сиетл Сеахоукс...
Ништо чудно би се рекло, ако се потенцира дека кога имаше само четири години на Грифин му ја ампутираа дланката.


Но тоа не го спречи во животот да се занимава со спортот во кој рацете се и тоа како битни – американскиот фудбал
Она што е доста интересно е дека на тестирањата пред драфт-изборот, Грифин имаше најдобро време на 40.метри за еден „лајнбекер" од 2003 година, а тоа е терење кое исклучително се цени во НФЛ лигата.
Шаким беше вкупно деветти најбрз играч на тестирањата, а во 2016 година беше прогласен за најдобар одбранбен играч во сеучилишната американска конференција.
Со надеж дека ќе биде одбран на првиот ден од драфтот, Грифин дојде во поубликата, но се разочара. Мораше да чека дури до третиот ден.

 Изборот го следеше во кругот на семејството, а среќната вест ја дозна на ТВ.

За работата да биде уште подобра, Шаким ќе заигра за тимот од Сиетл, за кој пак настапува неговиот постар брат – Шекил.

„Ова е буквално како со. Како да замислував некои работи и тиа навистина почнаа да се случуваат. Не можам да ви опишам колку сум среќен, како се чувствувам. А ништо подобро не можеше да се случи што ќе играм со мојот брат во ист тим" – рече воодушевениот Грифин

Најново во Другата страна на спортот