Ова е прилепчанецот со рекордната добивка од „Моцарт“

ИНТЕРВЈУ, Човекот кој е побогат за 560.000 евра вели: Чувствував дека ќе погодам голема добивка

Во изминатите година и пол неколку пати бев блиску до голема добивка. Знаев дека кога-тогаш ќе ми се падне. И ете се случи. Упорноста се исплатеше. Прочитав дека ова е најголемата добивка не само на Балканот, туку и пошироко. Се чувствувам горд", ни кажа Ване.

објавено: 22 февруари 2018 - 19:00

Прилеп досега беше познат по Крале Марко, а од сега и по маjсторот на обложувањето Ване Лесновски кој го сруши не само балканскиот туку и европскиот рекорд по добивка. Прилепчанецот, верен обложувач на MOZZART заработил вкупно 563.585 евра! Веста за неговите, злато вредни тикети се зборува насекаде, а како да не се зборува затоа што се работи за најголема добивка во однос на влог во Европа.
Првото прашање што му го поставивме беше: „Мајсторе, како успеа?“

„Чувствував дека ќе погодам голема добивка. Во изминатите година и пол неколку пати бев блиску до голема добивка. Знаев дека кога-тогаш ќе ми се падне. И ете се случи. Упорноста се исплатеше. Прочитав дека ова е најголемата добивка не само на Балканот, туку и пошироко. Се чувствувам горд", ни кажа Ване.

Звучи неверојатно податокот што Ване ги уплатил тикетите пред еден месец и притоа врзал натпреври кои се играле во текот на четири недели заклучно со последните осминафинални натпревари од Лигата на шампионите. Обложувалницата МОZZART многу порано ги објави коефициентите за натпреварите од осминафиналето на Лигата на шампионите, баш како што од декември можете да се обложувате на натпревари од Светското првенство во Русија.

А нашиот обложувачки махер тоа го искористи. На седум тикети уплатил вкуппно 910 денари. Па заокружувал, пар по пар, ден по ден, за да стане крал на спортското обложување. Вкупната заработка му изнесува 34.632.342 денари односно 563.585 евра.

Да појасниме дека регуларната добивка изнесува 16.619.628 денари (околу 270.000 евра), но благодарение на големиот број на парови на тикетите и MOZZART БОНУСОТ си ќарил вкупно 34.632.342 денари (563.585 евра). Тоа значи дека 18.012.714 денари, односно околу293.000 евра се должи на MOZZART бонусот на должина на тикет кој што може да изнесува и до 1000% зависно од бројот на одиграни парови на тикетот.
Бркањето на големи добивки, вели Ване, е негова страст, а единствено на нив може да се надева во обложувалницата Моцарт.

„ Секогаш играм во обложувалниците на Mozzart затоа што ѝ верувам на оваа обложувалница. Лимитот што го дозволуваат кажува сѐ за нив. Играм во Mozzart и поради бонусот кој во зависност од тикетите кои што ги играм знае да биде и поголем од добивката која ја носи тикетот. Tака беше и сега. Затоа на љубителите на спортското обложување им порачувам: Играјте без страв со најдобрите, а под најдобрите мислам на Mozzart ", изјави Ване.

НЕ ИГРА НАВИВАЧКИ

„Секогаш пристапувам смирено, што се вели со ладна глава, рационално, а никогаш навивачки. Внимателно анализирам, ја гледам статистиката, меѓусебните средби и потоа играм. Претходната најголема добивка ми беше 25.000 евра. Тоа се случи минатата година во исто време. Ми се чини дека ова е среќен период за мене. Веројатно размислувам посмирено и подобро", се смее нашиот обложувач.

А како одигра сега? На тие седум тикети распоредил многу натпревари. Пет се слични, со по еден различен меч, а два со различни натпревари и плус натпреварите од ЛШ. Во средата ги чекал двата натпревари од Лигата на шампионите.

„Сакав на тикетот да има комбинација од натпревари од редовни кола и натпревари од Лигата на шампионите. Дуелот Шахтјор – Рома лесно се вклопи во тикетот (2-5 гола), а Севиља – Манчестер јунајтед го играв Х2. Давид де Геа беше спасителот. Со своите интервенции не дозволи Јунајтед да изгуби. Тој е неверојатен голман. Вистинска мачка. Како брани, алал да му е. Јас веќе си порачав дрес од него. Ќе ми го донесат од Лондон и ќе си го врамам на ѕидот", раскажува Ване.

НАЈЧЕСТО ИГРА НА ГОЛОВИ, ИЗБЕГНУВА БУНДЕС ЛИГА

За крај ни кажа што најчесто игра и кои му се омилени тимови кои секогаш наоѓаат место на неговите тикети.

„Сакам да типувам на фудбалски натпревари и секогаш на голови. Избегнувам да типувам на конечен победник. Имам тимови на кои им верувам и речиси редовно ги имам во предвид кога ги составувам тикетите. Тоа се Барселона, Сити, ПСЖ, Ливерпул кога станува збор за голови, до пред некое време му верував и на германскиот Холстен Кил па потоа го баталив затоа што падна во формата. Омилени првенства ми се шпанската Ла Лига, англиската Премиер лига, француската Лига 1 како и данската Суперлига. Германската Бундес лига ја играм но не често. Ја избегнувам, затоа што е многу непредвидлива. Тие натпревари никако да ги погодам. Затоа ги избегнувам", ни изјави европскиот рекордер во добивка од обложувалница.

Најново во Другата страна на спортот