НАЈЛУДА НАВИВАЧКА ПРИКАЗНА НА СП

Истетовирал пехар со хрватскиот грб, причината е неверојатна! (Видео)

Ова е дефинитивно една од најлудите приказни на Светското првенство...

објавено: 11 јули 2018 - 18:30

Еден Австралиец применил еден необичен метод на „предвидување" , користеше топчиња за пинг понг на кои го пишуваше износот во австралиски долари, од 100 до 10.000 илјади и чаши на кои се напишани имињата на репрезентациите кои играле во четвртфиналето на Светското првенство.

Топчињата ги фрли во канта, ги измеша, без да гледа извлече едно топче на кое пишуваше 3.000 илјади долари, можеби разочарувачки за него. Од „прва" топчето падна на чашата на која пишуваше - Хрватска.

Е сега, ова не беше само игра. Австралискиот човек навистина вложил 3.000 илјади австралиски долари во најблиската обложувалница, секако со хрватското знаме, а добивката му е 22.500 илјади долари.

Воедно го истетовирал пехарот во боите на хрватската шаховница над која пишува светски шампиони. Тука не застанал Австралиецот, направил уште еден интересен чекор. Имено, одел по улиците и им делел пари на луѓето да уплатат на Хрватска, сигурен дека „коцкестите" ќе го освојат Мундијалот.

Најново во Другата страна на спортот