ЕРИК АБИДАЛ СИ ЈА „ОТВОРИ ДУШАТА"

Изгледаш како мртовец, не ни праќај такви слики

Ова била пораката на Лионел Меси спрема болниот Французин кој се бореше против ракот за време на неговиот престој во Барселона.

објавено: 11 јануари 2018 - 10:00

Ерик Абидал не може да заборави некои работи кои ги помина како играч на Барселона. Но не се само оние светлите, освојувањето на трофеите, добрите финансиски услови...

Некогашниот француски репрезентативец во интервју за „Канал плус", ја отрки и онаа „црна страна" на клубот.
Односно односот со дел од соиграчите со кои делеше и добро и лошо.
Бившиот играч на каталонскиот клуб кој во 2011 година заболе од тумор на црниот дроб, поради што мораше да направи и неколку операции, и на крајот ја победи тешката болест, вели дека во тие тешки моменти испратил и една видео порака, која била погрешно протолкувана од страна на соиграчите.
Особено го изненадила реакцијата на Лионел Меси...

„Бев многу, многу слаб, и во пресрет на натпреварот направив видео порака која им ја испратив на соиграчите, за да им дадам подршка, се разбира. А знаете ли што Меси ми одговори на истата?
Повеќе да не им испраќам такви работи бидејќи биле штетни, и дека изгледам како мртовец, поради што се плашат од мене. Јас на тоа не гледав така. Сакав да ги охрабрам, но тие ми рекоа дека ме гледаат како некој 'скелет", и дека сето тоа ги вознемирува"- откри некогашниот дефанзивец на Барса.

Очигледно дека Меси и другиот дел од соблекувалната не разбрале точно низ што точно поминува Ерик Абидал во тоа време. И не само тој, туку и целото негово семејство.

„Тоа беше болка на која ќе се сеќавам цел живот. Беше неподносливо, како кога некој ќе те прободе со нож. Кога докторот ми рече дека е потребна уште една операција, бев среќен. Такви маки, таква ситуација не би посакал никому" - заклучи Абидал кој се пензионираше во 2014 година.

  

Најново во Другата страна на спортот