Голема наградна игра на ЛУКОИЛ

Извлечени добитниците од третото и четвртото коло од наградната игра на ЛУКОИЛ

Големата наградна игра на ЛУКОИЛ е на полпат за да дојде до финалното извлекување каде ќе се дознае кои се четворицата среќни добитници кои ќе отпатуваат на светското првенство во фудбал во Москва. А до тогаш на секои две недели ќе продолжи извлекувањето на среќните добитници кои ќе имаат можност да добијат телевизор или ваучер за спортска опрема.

објавено: 22 мај 2018 - 12:00

Па така минатата недела беа извлечени добитниците од третото и четвртото коло, и тоа: Славица Спировска (Скопје), Драган Иванов (Скопје), Станимир Манев (Радовиш), Ѓоргиа Богдановски (Јурумлери), Татјана Трпевска (Скопје), Зоран Илиевски (Битола), како и добитниците од четвртото коло: Наталија Илиевска (Битола), Невенка Алаѓозовска (Гевгелија), Николче Коцев (Скопје), Оливер Крстевски (Скопје), Владимир Стаменковски (Скопје), Ацо Бошковски (Битола).

Наградната игра продолжува понатаму и остануваат уште 3 кола до главното извлекување каде најсреќните тројца добитници кои ќе добијат по 1 карта и платено патување за полуфинале во Санкт Петерсбург, како и 2 карти за финалниот меч во Москва и подмирени трошоци за патувањето.

Правилата за да учествувате се едноставни и бараат од вас за секоја направена сметка од 1000 денари да испратите СМС порака, со код на сметката. Она што ви преостанува е да верувате дека среќата може токму вам да ви се насмевне и да заминете на незаборавното патување во Русија и да ги проследите мечовите кои ќе ја одбележат 2018 година.

Најново во Другата страна на спортот