ЛУДО МОМЧЕ ОД ВЕНЕЦУЕЛА

Ја претепал жена му, вперил пиштол во неа - 100 мечеви казна!

Играчот на бејзбол екипата Сан Диего Падрес, Хозе Торес, суспендиран е на 100 натпревари, без плата поради насилство во семејството, објави водството на МБЛ лигата.

објавено: 9 јуни 2018 - 11:10

Овој 25.годишен играч, роден во Венецуела, на 29. декември минатата година во Феникс по препирката ја удрил својата жена со нога, а потоа вперил и пиштол во неа.

А обвинет е за употреба на опојни средства.

„Во целост ја поддржуваме одлуката на челниците на лигата. Ќе продолжиме да ги поддржуваме настојувањата на лигата да се еудцираат играчите, се со цел да се спречат вакви случаи во иднината" – порачаа од редовите на Сан Диего Падрес.

Торес ја прфатил оваа тешка казна, и нема да се жали поради тоа. Наскоро ќе ја дознае и казната на судот. На првото сослушување се изјасни(л) дека не е виновен, а продолжението на судењето следува на 18. Јуни во Феникс.

Најново во Другата страна на спортот