ШТОМ ИМА ПОТЕКЛО ОД СЕВЕРНА КОРЕЈА...

ЈА ЗАПАЛИ ИТАЛИЈА, НО: Кој ќе го купи, ќе треба да му плаќа и на Ким Јонг-Ун! (ВИДЕО)

Кванг-Сног Хан, во секоја друга ситуација пред себе би имал голема фудбалска кариера. Иако има само 19. години, лани дебитираше во Серија А како играч на Каљари, а сега е како позајмен играч на Перуџа (во Серија Б)

објавено: 17 јануари 2018 - 19:22

Кванг-Сног Хан, во секоја друга ситуација пред себе би имал голема фудбвалска кариера. Иако има само 19. години, лани дебитираше во Серија А како играч на Каљари, а сега е како позајмен играч на Перуџа (во Серија Б)

Но во клубот од долниот дел од италијанската Втора лига, на 17. првенствени мечеви овој малку познат играч има постигнато седум голови, и плус три асистеции. Доволно да го привлече вниманието на големите клубови на „чизмата", пред сите на првакот – Јувентус.

Освен тоа, Хан има и три настапи за својата земја.
И не било која, туку една доста проблематична, Северна Кореја.
Кванг Сон Хан има одлично педигре, кое го формираше во Академијата на Барселона, и со неверојатните партии на СП за млади играчи, до 17 години во Чиле.
Италијанскиот сенатор Антонио Рази, кој е близок пријател со севернокорејскито дикатор Ким Јон-Ун, успеа да му среди ангажман во ИСМ (италијанска фудбалска академија), по што потпиша за Каљари.
Откако оваа сезона беше позајмен во Перуџа, се тргна како што само може да посака. Па дојде и до насловните страниците на најтиражните спортски весници во Италија, но и нивните фудбалски ТВ дневници.
Пред да отиде на снимањето на едне од нив, во Милано, добил интересен телефонски повик.

„Го побара некој тип, наводно еден од министрите, и му кажа дека не смее да оди да се слика на ТВ. Преговорите не беа воможни затоа што тој сакаше да разговара исклучиво со Хан. Неверојатно е, тие не му допуштаат на својот играч да се појавува на телевизија во странските земји" - потврди претседателот на Перуџа, Масимилијано Сантопадре.

Но тоа не е и најлошото. Затоа што севернокорејскиот диктатор, наводно, им ја зема и целата плата на сограѓаните кои се надвор од земјата.
Според тамошните закони, секој гражанинин на Северна Кореја кој заработува во странство е должен во целост својата плата да ја предаде во владата на С. Кореја.
Таа приказна излезе токму во моментот кога Јувентус покажа сериозен интерес за младиот напаѓач. Но со оглед на тоа дека не сака директно да го финансира диктаторскиот режин на Ким Јон-Ун, „старата дама" размислува и за откажување на овој трансфер.

Од Каљари велат дека својот фудбалер го плаќаат директно на неговата сметка, но и дека не знаат што подоцна прави со парите. А ако дојде до премин во Јувентус, јасно е дека неговата плата ќе биде зголемена неколку пати, а со самото тоа Јуве директно би ја подржувал земјата во која се кршат човековите и меѓународните права.
Но тоа не е прв ваков случај во италијанскиот фуидбал. Пред се затоа што пред една и пол година Фиорентина, со помош на италијанската влада, го доенсе Сонг Хуок Чое. Но го раскина договорот со него откако дознаа дека директно ја финансираат владата на Северна Кореја.
На крајот Чое заврши, односно игра во Перуџа, каде интересно, ја дели соблекувалната токму со Хан.
И ако ова лето неговиот сонародник премине во Јувентус, тоа ќе биде историски момент.
За прв пат во историјата ан Лигата на шампионите же заигра фудбалер од Северна кореја.

Најново во Другата страна на спортот