НЕШТО ПОВЕЌЕ ОД БЕЈЗБОЛ

ЈА ЗГАЗИ ОД ЌОТЕК, а потоа дури и се верија! (ВИДЕО)

Бејзбол играчот, Данри Васкез, доби отказ во професионалниот бејзбол клуб Ланкастер Барнстормерс откако на интернет се појави снимка на која се гледа како брутално ја удира својата девојка...

објавено: 15 март 2018 - 22:22

Бејзбол играчот, Данри Васкез, доби отказ во професионалниот бејзбол клуб Ланкастер Барнстормерс откако на интернет се појави снимка на која се гледа како брутално ја удира својата девојка...

Инцидентот се случил пред две годони, кога овој 24. годишен бејзбол играч од со потекло од Венецуела, играл за сосема друг клуб, Корпус Кристи лоциран во Тексас, кој е филијала на Хјустон Асторс.

На снимката се гледа како ја влече несреќната девојка по скалилата, а потоа и силно ја удира.
И покрај тоа, девојката не поднела тужба против Васкез. Напротив, таа дури и го бранеше своето момче, поради што обвинителството во Тексас не инсистираше на висока казна.
Имено, тој доби само групна терапија за личности кои имаат проблем со однесувањето.
Откако ја „издржа" таа „казна", Васкез потпиша за Ланкастер Барнстормерс, но после скандалот и објавената снимка, клубот му врачи отказ.
Да биде оваа „ситуација" уште „потрагикомична", на крајот на 2017 година, оваа двојка наводно направила и веридба, а и сега себеси се опишуваат како една среќна двојка, пренесува „Унилад".

Најново во Другата страна на спортот