ДОЖИВУВАЊЕ КОЕ МАЛИОТ ХЕРОЈ ЌЕ ГО ПАМТИ ЦЕЛ ЖИВОТ

Јане го запозна Пол Погба и од неговата ВИП ложа го следеше дуелот на „Олд Трафорд“

На малиот херој Јане Велковски, му се оствари желбата да се запознае со ѕвездата на Манчестер Јунајтед и беше гостин лично на Погба, за дуелот на „црвените ѓаволи“ против Севилја, во Лигата на шампионите

објавено: 14 март 2018 - 08:51

На малиот херој Јане Велковски, му се оствари желбата да се запознае со ѕвездата на Манчестер Јунајтед и беше гостин лично на Погба, за дуелот на „црвените ѓаволи" против Севилја, во Лигата на шампионите. Велковски имаше можност да се дружи со најскапиот играч на Манчестер, даде изјава за клупската телевизија, а потоа беше сместен во ложата на Погба на „Олд Трафорд“ од каде и го проследи дуелот на англискиот тим против Севилја, во Лигата на шампионите.

Сигурно ова ќе биде доживување кое засекогаш ќе остане во спомените на малиот Јане, момчето кое боледува од мусклна спинална атрофија, а од пред неколку месеци стана дел од кампањата на УЕФА наречена „Equal Game". 

Најново во Другата страна на спортот