СИНОВИТЕ НА ЛЕГЕНДАТА ДЕЛ ОД АКАДЕМИЈАТА НА ЦРВЕНИТЕ ЃАВОЛИ

Јунајтед се засили со Макс и Винсент

Младинската школа на Манчестер јунајтед се пофали со своите нови засилувања - Винсент и Макс Ибрахимовиќ, кои во тимот ќе се приклучат на Каи Руни и Зек Гигс

објавено: 14 октомври 2016 - 19:37

Очигледно, Јунајтед знае како да се погрижи за децата на своите поранешни и сегашни играчи, кои играат за академијата на тимот од Манчестер. Подолго време во тимот се синовите на Ники Бат и Мајкл Керик, но и Каи Руни (6 години) и Зек Гигс (10), синовите на легендите на тимот, Вејн Руни и Рајан Гигс.

Винсент (8 години) и Макс (10 години) треба да докажат дека наследиле нешто од својот славен татко Златан Ибрахимовиќ.

Едиствена „мана“ е синот на менаџерот Жозе Мурињо. Жозе Марио Мурињо Јуниор (16 години) е голман, кој играше кај младинците на Челзи, по што се пресели во Реал, за да се врати во Челзи. Тој има потпишано двегодишен договор со лондонскиот Фулам.

Најново во Другата страна на спортот