УБАВАТА ИТАЛИЈАНСКА МАНЕКЕНКА ИМА ПОРАКА ЗА РИВАЛОТ

Јуве со секси провокација му враќа на Наполи: Уште сме на врвот

Во дрес на „старата дама“, провокативната Емануела Јакинта, имаше одговор за Инсиње

објавено: 25 април 2018 - 13:00

Битката за титулата во Серија А допрва ќе се разгори, откако разликата меѓу Јувентус и Наполи сега е само еден бод во корист на актуелниот првак. Пред неколку дена, Наполи славеше во Торино против Јувентус и сега навивачите и играчите на наполитанците веруваат дека може да станат прваци. 

Напаѓачот на Наполи, Лоренцо Инсиње испрати провокација, која ги заболе сите кои го сакаат Јувентус. 

„Од Јувентус пред мечот против нас, рекоа дека тоа им е како финале. Па што се чудите, тие секогаш ги губат финалињата“, рече Инсиње. 

На оваа провокација на наполитанците, возврати Емануела Јакинта, италијанска манекенка, глумица и ТВ водителка, а воедно и роднина на некогашниот напаѓач на Јувентус, Виченцо Јакинта. Емануела облечена во дресот на Јувентус, направи неколку провокативни фотографии и порача: „И понатаму сме први. Поздравете го лидерот“.

 

Најново во Другата страна на спортот