Американски експерт тврди дека загубата ќе биде голема

Јужна Кореа ќе зијани 10 милијарди долари со организацијата на ЗОИ

Јужна Кореа ќе потроши неверојатни 13 милијарди долари за комплетната организација на Зимските Олимписки Игри, а според американскиот експерт Ендрју Зимбалист ќе врати само 2,5 милијарди и ако не успее да привлече туристи во Пјонгчанг загубата ќе биде огромни 10 милијарди долари

објавено: 13 февруари 2018 - 10:17

Јужна Кореа ќе потроши неверојатни 13 милијарди долари за комплетната организација на Зимските Олимписки Игри, а според американскиот експерт Ендрју Зимбалист ќе врати само 2,5 милијарди и ако не успее да привлече туристи во Пјонгчанг загубата ќе биде огромни 10 милијарди долари.

Трошоците за организација на ваков спектакл, а Јужнокорејците со отворањето на ЗОИ покажаа дека се мајстори за вакви церемонии се големи.

Арената во Пјонгчанг каде се одржа свечената церемонија при отворањето на игрите чини 109 милони долари, а и останатите трошоци се големи. Поврзувањето на Пјонгчанг со Сеул чини многу, отстранети се неверојатни 58 илјади дрва, а голем минус е што според тврдењето на Зимбалист се продадени само 60 проценти од билетите за сите олимписки настани.

Екстремно студеното време не им оди на рака на домаќините, па американскиотр експерт вели дека спас може да биде само ако Јужна Кореа успее да направи атрактивна туристичка дестинација од Пјонгчанг по завршувањето на ЗОИ. Во спротивно неговите предвидувања и пресметки се дека од организацијата на ЗОИ Јужнокорејците ќе имаат дупка во буџетот од околу 10 милијарди долари.

Најново во Другата страна на спортот