КОЛКУ Е ЧУДЕН И НЕПРЕДВИДЛИВ ЖИВОТОТ

Како младиот хокејар кој загина во сообраќајната несреќа, стана херој и спаси шест луѓе

Логан Булет (21) беше еден од 14-те жртви кои загинаа во страшната сообраќајна несреќа кога автобусот полн со млади хокејари се судри со камион

објавено: 11 април 2018 - 15:40

Младиот 21-годишен хокејар Логан Булет пред еден месец потпиша изјава со која се согласува неговите органи да се донираат по неговата смрт, но никој не можел ниту да претпостави дека тоа ќе биде толку многу брзо. Логан беше во автобусот кој се судри со камион, а во сообраќајната несреќа животот го загубија вкупно 14 луѓе, меѓу кои и хокејарот. 

Логан имал фатални повредни, но со помош на апарати бил оддржуван во живот. Неговото семејство му ја исполниле последната желба, да ги донира органите. Вкупно шестмина добиле органи од починатиот.

Еден добил срце и бели дробови, друг бубрег... Според лекарите, еден донер може да спаси дури осум човечки животи, ако донира срце, двете белодробни крила, два бубрега, јетра, дебело црево...Освен тоа може да се направи трансплатација на ткивото.

Што се однесува до несреќата, лекарот Хансан Масри кој бил меѓу првите кои пристигнале да дадат помош, вели дека тоа се сцени кои никогаш нема да ги заборави. 

„Никакви подготовки не можеа да не подготват за емоциите кои тогаш ги доживеав таму. Тоа беше најтрагичната ноќ во мојот живот“, се присетува лекарот Масри.

Од вкупно 29 луѓе кои биле во автобусот, 14 настрадаа, меѓу кои имаше и хокејари не постари од 21 година. Возачот на камионот бил само полесно повреден.

Најново во Другата страна на спортот